Совет: Кои мириси да ги користите во возилото за да ве одржат будни

ОБЈАВЕНО НА:

Истражувањата направени од стручњаците покажале дека мирисите на лаванда и на ванила се добри да се имаат во секој автомобил бидејќи на тој начин може да го одржат возачот буден. Сепак, со оглед на тоа што секој нос има посебно чувство за мирис најдобро е да се одбере она што одговара, но притоа не треба да се претера.

Понудата на мириси за во автомобилите е богата. Има различни етерични масла и освежувачи за воздух за вентилација, па затоа е направен тест за тоа кои мириси се добри за удобно возење, а кои би требало да ги одбегнувате.

Со оглед на тоа што мирисите на големо влијаат на возењето најважно е да не се оптоварува и да не му пречи на возачот. Затоа се препорачуваат освежувачите со лесен мирис кој ќе може да го одржи буден возачот и нема да му го одземе вниманието.

Доколку се работи за семеен човек тогаш меѓу патниците сигурно постојат и деца, па најдобро би било да се земаат смирувачки мириси со кои ќе се спречат несакани нуспојави, како мачнина. Ароматерапија и масло со мирис на лаванда и ѓумбир е најдобрата препорака со оглед на тоа што не иритира туку смирува.

Дури и доколку некои мириси ви одговараат не претерувајте со истите. Најдобро е да користите дозери.

Треба да се запамети и дека мирисите на големо влијаат и на расположението и дека требаа да бидат што е можно полесни. Немојте да мислите дека нечистотијата и непријатните мириси ќе ги прикриете со јаки освежувачи. На тој начин само ќе добиете уште понепријатна мешавина која на вашите сопатници би можела да им предизвика мачнина.

Нови мирис се препорачува да се стави во исчистен автомобил со што најдобро ќе дојде до израз и ќе биде ефективен. Кога се менува мирисот би било добро и да се исчисти автомобилот бидејќи стариот понекогаш се вовлекува во површината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK