СОВЕТ: Како да се препознае дефект на пумпата за гориво?

ОБЈАВЕНО НА:

Да се нарече пумпата за гориво, витален дел од автомобилот одговара на вистината, но тоа се и многу други елементи во возилото. Дефектот на многу од нив повлекува со себе и големи проблеми и често предизвикува предвремен крај на возењето. Пумпата за гориво има едноставна задача да го турка горивото од резервоарот  кон моторот.

Денес таа е главно електронски контролирана и дистрибуира гориво кон филтерот и понатаму кон моторот. Денес пумпите најчесто се во резервоарот за гориво, а нешто поретко на патот меѓу резервоарот и моторот.

Повеќето пумпи би требало а траат и после откако автомобилот ќе помине 160.000 километри, а нивната замена не е дел од распоредот на одржување на возилото.

Како да почувствувате дека автомобилот има проблем со пумпата за гориво?

Засилената потрошувачката на гориво се јавува поради тоа што во пумпата не се отвора безбедносниот вентил. Поради тоа во моторот влегува повеќе гориво отколку што би требало.

Еден од можните проблеми е звук на пукање во моторот поради тоа што пумпата доведува нееднаква количина на гориво. Растот на температурата во моторот и неговото зачестено гасење. Губење на сила кога автомобилот е под притисок (на нагорнини или кога превезува многу патници и товар). Под притисок кој може да се забележи на инструмент во автомобилот, ако е опремен со него.

Може да се јави и краткотрајно забрзување на возилото (иако не е притисната папучата за гас) и покрај неправилниот притисок во внатрешноста на пумпата за гориво. На крајот, моторот нема да запали ако пумпата е неисправна. Исто така не е добро постојано да се вози на резерва бидејќи горивото во резервоарот има функција за ладење на пумпата.

Речиси сите овие наведени проблеми можат да предизвикаат и дефекти на другите делови на возилото. Затоа бидете внимателни и после првите проблеми повикајте механичар, кој ќе ви сугерира да резервирате термин. Замена на пумпата е скап дефект, па затоа поевтина опција е нејзина поправка. Пумпата за гориво ќе биде добро одржувана со редовно менување на филтерот за гориво.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK