СОВЕТ: Како да препознате премор и да се избегне

ОБЈАВЕНО НА:

Возење под дејство на алкохол или други дроги е смртно опасна комбинација, но малкумина разбираат колкав е ризикот да се вози автомобил во услови на премор.

Секоја година илјадници сообраќајки се случуваат зашто возачот бил сонлив или заспал зад воланот. Сите сме подложни на премор. Иако најчесто го поврзуваат со возење на долги растојанија, подолготрајни сончања или некоја физичка активност, сепак сите сме поспани и со намалени рефлекси во периодот од 13 до 17 часот.

Премор може да предивикаат емотивниот стрес, болест а понекогаш и здодевност.
Прејаденост, алкохол или возење во возило кои е премногу загреано или многу ладно може да допринесат да се зголеми заморот.

Преморот е голем ризик за:
*неспан или уморен возач,
*возач кој поминал часови зад воланот на долги растојанија без одмор,
*возач кој патува во текот на ноќта или во периоди кога вообичаено одмора,
*возач кои пие лекарства кои успиваат,
*возач кој патува сам,
*возач кој патува по здодевни патишта,
*возач кој често патува.

Сообраќајки предизвикани од ненаспани возачи се чести меѓу младите возачи, кои опстануваат будни до утринските часови, малку спијат а возат во текот на ноќта.

Ризикот е висок и за работници кои работат во смени. Според една студија, 20 до 30 проценти од работниците кои немаат традиционално работно време предизвикале некаков сообраќаен прекршок. Особено е опасно возењето до дома по ноќната смена.

Возачи на камиони се особено подложни на премор, како и на сообраќајки предизвикани од премор. Покрај тоа што во текот на годината поминуваат илјадници километри, некои возачи возат и во текот на ноќта кога на телото му е потребен одмор. Кај овие возачи честа е појавата на апнеа, која влијае на квалитетот на сонот и одморот на телото.
Според студиите, преморот кај камионџиите е причина за 30-40 проценти од сообраќајките.

Ризикот е висок и за лицата кои имаат недијагностицирани проблеми со спиењето, како што е хроничната несоница, апнеа и слично зашто предизвикуваат сонливост и во текот на денот.

Да се намали заморот за време на патување, значи да се патува посигурно, а еве неколку начини тоа да се направи:
*Кога планирате долги патувања, испланирајте и каде ќе правите паузи. *Застанувајте на пазуа на најмногу 2 саати.
*Ако е долго патување, испланирајте каде ќе преспиете во текот на ноќта. Ако имате замена за возење, менувајте се и времето кога не возите користете го за одмор. *Обидете се рано наутро и навечер, кога вообичаено спиете, да не возите.
*Обратете внимание ако се проѕевате или чувствувате дека рефлексите се забавени, ако очите ви се тешки или вниманието од патот ви го одвлекуваат мислите со дневни сништа, тоа значи дека е време за пауза, и тоа подолга.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK