Во зимскиот период автомобилот најчесто го миете во некоја перална. Некогаш сте задовлни – некогаш не. Но, најважно е да се отстрани солта и да се одржува хигиената. Сега кога доаѓаат топлите денови можете и самите да го измиете возилото.
И не само што можете да си најдете добра занимација туку миењето ќе го направите според вашиот вкус. Ќе внимавате на секој детал, секој агол и секое место на каросеријатаи во внатрешноста. Но, сега ќе ви дадеме и некои совети.
Кога станува збор за миење на автомобилот со вода и шампон за автомобили, тогаш ви прпеорачуваме – балсам за коса. Можете безбедно да ги преземе од бањата. Ем ќе биде возилото, ем ќе добиете добар ефект од кој ќе бидете изненадени.
Како чудно да ви звучи, но балсамот за коса е идеален против потемнет лак. Односот на растворот е приближно две лажици во кофа вода и со кружни движења го нанесувате врз бојата со сунѓер или мека крпа.
Постапката треба да се направи во сенка, бидејќи ако сонцето е силно, ефектот може да биде инверзен. По неколку минути операцијата се повторува, а потоа автомобилот се мие со чиста вода. Ефектот е особено видлив следниот ден.
Пробајте…