СОВЕТ: Барате „дебела сенка“ – не паркирајте под овие дрва

ОБЈАВЕНО НА:

Во топлите сончеви денови, особено на одмор, кога се паркираме бараме „подебела сенка“, за да го скриеме возитото од силните сончеви зраци и да се ослободиме од „вриење“ под лимот кога повторно ќе влеземе да возимее. И понекогаш не внимаваме каде паркираме, туку едноставно сакаме да бидеме поблиску до плажата, и во подебела сенка.

И кога ќе најдеме некоја шума или дрва, а сме н аморе најчесто се тоа борови, кои ве мамат со нивните дебели сенки. Ама не е се така безгрижно кога ќе го оставте автомобилот под такво дрво.

Доволно е кратко време да го оставите возилото под дрво, а колата ќе биде „украсена“ со смола и птичји измет. Смолата од борово дрво и друг отпад е опасна за бојата на автомобилот на каросеријата на возилото, бидејќи тешко се вади, и носи само нервозна.

Но, никако не користете бензин или паста за полирање за нивно отстранување. Ако веднаш и внимателно не се отстранат може да дојде до видливо оштетување, кое потоа не е лесно да се поправи.

Смолата и птичјот измет агресивно делуваат на површината на бојата, ја разградува и се впиваат во нејзе. Ако смолата се остави долго време на каросеријата на автомобилот, таа ќе се стврдне, а со нејзиното отстранување може да се остави бојата. Птичјиот измет интензивно продира во бојата, и после подолго стоење создава и флеки, кои потоа тешко се отстрануваат.

Најдобро е да користите мека крпа натопена со топла вода и благ детергент кога ја отстранувате паднатата смола или ситниот измет. Тријте нежно и лесно. За смола ќе морате тоа да го правите подолго време, и проблемот ќе биде решен без поголеми последици.

Во никој случај не користете бензин или паста за полирање, бидејќи тоа може да ја оштети бојата на каросеријата.

Но, најдобро е да внимавате каде да се паркирате.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK