Компанијата J. D. Power, која е специјализирана за проучување на различните пазари има интересна класификација во која се подредени најнадежните автомобили во Европа. Испитувањето е направено од февруари до април годинава, а дури сега излегуваат на виделина резултатите.
Надежноста на одредена марка се определува според количеството на проблеми коишто ги име на секои 100 автомобили. Колку помалку проблеми се констатирани толку повисока позиција, марката на автомобили, добива на ранг листата.
Проблемите се делат во осум различни категории и тоа: надворешен изглед, проблеми со арматурната табла и основните алати, проблеми поврзани со аудио и навигацискиот систем, седиштата, парното и климата, мотор, трансмисии и општи внатрешни проблеми.