Соседите во акција: Rimac се проширува и во Словенија

ОБЈАВЕНО НА:

Хрватскиот старт-ап од автомобилската индустрија, Rimac Automobili, по фабриката во матичната земја и канцелариите и центарот за развој во Германија и Швајцарија, ги проширува своите активности и во Словенија.

Како што соопштуваат словенечките и хрватските медиуми, Мате Римац заедно со поранешниот министер за инфраструктура на Словенија, Аленк Братушек, создадоа нова заедничка филијала во градот Ново Место.

Тука, во новиот центар за развој, двајцата ќе работат на развој на хипер автомобили и други електрични автомобили.

За таа цел, Владата на Словенија веќе им додели 3,4 милиони евра како дел од програмата за поддршка на иновативни проекти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK