Соработката продолжува: Бузалковски и Ендуро Тим Водно заедно и 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

По објавувањето на веста дека Христијан Бузалковски во следната сезона ќе настапува во две различни класи во БМУ Европскиот брзински мото шампионат веќе е обновена и соработката меѓу него и раководството на Ендури Тим Водно.
Со ова младиот мотоциклист доби стабилност и за следната 2018 година така што ќе може без проблеми да учествува на трките од новиот шампионат во кој ќе се обиде да дојде до двојно поголем број на подиуми од оние што ги имаше во 2017 година.

„Уште пред почетокот на оваа сезона знаевме дека имаме мотоциклист кој може да биде рамо до рамо со другите натпреварувачи. Со остварените 11 подиуми на 12 трки, како и двете победи тој ги исполни нашите очекувања што е од големо значење. Затоа не се двоумевме да ја продолжиме соработката, која се надеваме дека ќе трае и после шампионатот во 2018 година“, изјави Владимир Димов од Ендуро Тим Водно.

Мотоциклистот исто така е задоволен од продолжената соработка со тимот за кој
првпат возеше во оваа година.

„Одлично е кога некој го гледа и го цени трудот којшто го вложувате. Точно е дека
од трка во трка работев напорно и се трудев да го остварам најдобриот резултат којшто можам во оваа сезона. Докажавме дека можеме да бидеме најдобри иако беше тешко на почетокот. Морам да признаам дека сум презадоволен од оствареното во оваа сезона, а сега ќе имаме можност за добра подготовка за следната во која очекуваме уште подобри резултати и тоа во двете класи“, вели Бузалковски, кој останува заедно со тимот со кој имаше успеси во текот на трките во 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK