Германскиот производител Volkswagen со првиот дизајнерски цртеж навести како ќе изгледа новиот Amarok, модел кој ќе биде еден од првите резултати на соработката со Ford.
VW и Ford ги објавија плановите за соработкa уште на почетокот на 2019 година кога беше соопштено дека таа ќе се однесува на програмата за комерцијални возила и пикап модели. Така новиот Amarok ќе дели доста компоненти со следната генерација на пикап моделот Ford Ranger.
Дизајнерските скици обично покажуваат пренагласени стилски карактеристики на возилото, па така е случајот и со овој цртеж.
Сепак, се навестува изглед на предниот дел на возилото со маска на ладилник и фарови карактеристични за некои актуелни СУВ модели на Volkswagen, како што е на пример Atlas/Teramont кој се продава во САД и во Кина, додека масивниот преден браник го краси доминантен детаљ во облик на буквата „X“. Се очекува новиот VW Amarok да има премиера следната или во 2022 година.

Следете не и на:

