Во годишната анализа на J.D. Power за квалитетот и безбедноста на автомобилите, која ги испитува проблемите во првите 90 дена од купувањето на возилото добиена е листа од десет возила кои прават најмногу проблеми.
Мерната единица е број на пријавени проблеми на 100 продадени автомобили. Меѓу проблемите освен дефекти се сметаат и проблеми со системот забава и електроника како и бројни други работи.
На 10. место на оваа листа е Mini. Овој автомобил има биланс 100 од 107, што е значително над индустрискиот стандард. Место пред Mini е Acura. Иако Honda не се појавува уште еднаш на оваа листа, нејзиниот луксузен бренд Acura се појавува. Сопствениците на овој модел пријавуват 110 проблеми на 100 продадени примероци.
На 8. место се наоѓа Chrysler, а неговите сопственици пријавиле 112 проблеми на 100 продадени автомобили. На листата е и Subaru, а бројките се исти како кај Chrysler. Практично се на делба на 7. и 8. позиција. Инаку, Subaru во последно време продава рекорден број на возила, а критичарите тврдат дека зголемувањето на производството доведува до поголем број на грешки.
Пред нив се смести Volkswagen. Германскиот див има 112 проблеми на 100 продадени возила, додека 5. место е за Volvo со 114 проблеми на 100 автомобили. Склоноста кон чести дефекти на 4. место ја смести Alfa Romeo. Новите сопственици пријавиле 118 дефекти на 100 возила.
Според тоа што имаат пријавено 121 проблем на 100 возила на местото број 3 се наоѓа Mitsubishi, додека на 2. позиција е британскиот Land Rover со 123 проблеми на 100 продадени автомобили.
Првото место е за Jaguar, кој се наоѓа во сопственост на истата компанија која го поседува и Land Rover. Сопствениците на Jaguar на 100 продадени возила имаат пријавено 130 проблеми.