Сопственик на Tеslа преку телефон го заклучи крадецот во автомобилот

ОБЈАВЕНО НА:

Мобилната апликација, која ги има истите функции на клучот во електромобилите на Tеslа, не само што го олеснува секојдневието на сопствениците, туку може да помогне и за безбедноста. Жителот на Калифорнија, Чарли Смит го научи ова на потешкиот начин откако се обиде да украде Mоdеl 3.

На 8 мај Смит ја отворил вратата на возачот на возилото Tesla и почнал да му вика на сопственикот да излезе. Човекот го направил тоа и го отстапил своето место, но штом напаѓалот седнал зад воланот, го исклучил електромобилот преку телефонот и го заклучил, па потоа повикал полиција.

Пристигнатите полицајци го фатиле Смит, кој почнал обилно да се поти, а очите му се вртеле неконтролирано. Крадецот бил уапсен и обвинет за обид за киднапирање и употреба на недозволени супстанциите.

Покрај сите други функции, апликацијата на Tеslа на сопствениците им дозволува да ги стартуваат и запираат електромобилите од дистанца, како и да ги отклучуваат и заклучуваат вратите. Од внатрешната страна на вратите има мало копче со кое можат да бидат отклучени, но дрогираниот Смит не успеал да го пронајде.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK