недела, 25 ноември, 2025 година

Сообраќајни знаци ќе ги блокираат возачите кои зборуваат на мобилен

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

На патиштата низ Велика Британија во моментов се одвива невообичаен експеримент, а се поставуваат „умни“ соораќајни знаци, кој ќе го блокираат користењето на мобилните телефони од возачите на возилата. Разговорите на телефон од страна на возачите често се причина за предизвикувње на собраќајни несреќи и затоа се прави сè за да се запре зборувањето на телефон за време на возење.

Според последните истражувања во Велика Британија околу 26 проценти од возачите не ја почитуваат забраната и казните и продолжуваат да возат додека зборуваат на мобилните телефони, но и пишуваат СМС пораки и да ја проверуваат електронската пошта. Не ги запира ниту тоа дека слична постапка и прекршување на законот може да биде причина за казна од минимум 200, а максимум 1000 фунти.

- Advertisement -

За возачите на автобуси и камиони се предвидени уште подрастични казни за истото поведение, а таму казните се 2500 фунти.

Во обид да се намали користењето на мобилните телефони зад воланот, властите од местото Норфолк во Велика Британија одлучија да воведат уникатен експеримент со поставување на интерактивни знаци крај патот кои се способни при приближување на автомобилот кон нив да увидат дали возачот користи мобилен телефон. Во моментов во Норфолк веќе има четири такви сообраќајни знаци, но до крајот на летото е планирана појава на уште десет.

Засега експериментите покажуват дека технологијата не е уште доволно испитана. Во моментов не може да се утврди дали возачот го користи телефонот за сурфање додека вози.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја