Сообраќајна дисциплина во Кавадарци: Стигна пајак за несовесните возачи (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Проблеми со погрешното паркирање нема само во Скопје, Битола, Куманово и Охрид, туку и во помалите градови, како Кавадарци. Но, тоа во иднина би требало да биде надминато откако Општината реши да формира Јавно претпријатие за паркизи и да набави пајак возило.

Тоа значи дека во Кавадарци во иднина ќе има зонско паркирање во центарот и сите што се непрописно паркирани ќе заработат казна, а некои возила ќе бидат подигнати со пајак.

Градоначалникот Митко Јанчев се пофали на својот ФБ профил со новото возило и најави наскоро промоција на проектот „Зонско паркирање“. Тогаш ќе се знае каде ќе има вакво зонско пракирање и која ќе биде цената. Секако и цената што ќе треба да ја платите доколку пајак возилото го подигне вашиот автомобил што е непрописно паркиран.

https://www.facebook.com/MitkoJanchev/posts/2369718136585567

Па ако сте во Кавадарци внимавајте каде паркирате, почитувајте ги сообраќајните правила и читајте ги сообраќајните знаци за да не случајно паркирате во зона каде треба да платите.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK