Sоny ќе ги тестира електромобилите на пат (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Концепт електромобилот Visiоn-S, развиен од страна на Sony се подготвува за тестирање во реални услови на патот. Новото видео кое беше објавено од страна на компанијата го покажува прототипот во движење во Токио.

Ова не е првата појава на Visiоn-S на патот. Електромобилот веќе беше покажан во градот Грац во Австрија. Таму се наоѓа централата на Mаgnа Stеyr, чија платформа лежи како основа на електромобилот.

Visiоn-S бeше претставен на саемот за потрошувачка електроника СЕЅ во Лас Вегас во јануари. Има двоен мотор со моќност до 268 коњски сили, забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,8 секунди и достигнува максимална брзина од 240 км/ч.

Веднаш после премиерата од Sоny изјавија дека електромобилот е едноставно демонстрација на технолошките можности на компанијата и нема да биде произведен сериски. Новата серија на тестови, кои треба да бидат завршени до крајот на годината, сепак, зборува за промена на плановите на Јапонците.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK