Од утре почнува летното сметање на работното време на јавните паркинзи со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ Скопје.
Работното време во зоните А,Б, Ц и Д ќе биде од седум до 23 часот од понеделник до сабота. Досега паркингот се наплаќаше до 21 часот. Останува бесплатен паркнг во недела и државни празници.
Од ЈП „Градски паркинг“ им препорачуваат на сите корисници на нивните услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведенеото работно време, со што би се спречило казнување, односно поставување блокатор.
Повеќе информации околу зонското паркирање –