Сонот на секој Алфист – оживување на легендарниот Montreal (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во 1970 година Alfa Romeo го лансираше спортскиот автомобил Montreal, дело на Марсело Гандини од центарот за дизајн на Бертоне.

Поради дизајнот, но и моќниот 2,6 литарски V8 мотор, овој автомобил стекнал голема популарност во Европа, но и Северна Америка, иако на овој континент не се продавал поради строгите правила за издувните гасови.

Овој автомобил се произведуваше се до 1977 години повеќе од 40 години чека за достоен наследник.

Иако нема официјални информации за тоа дали овој легендарен модел ќе биде повторно дел од понудата, дизајнерот Жером Клаус објави рендери кои се базираат на неговиот дизајн за можниот изглед на моделот Montreal.

Сите „алфисти“ веројатно со нетрпение ја очекуваат веста дека моделот повторноќе се произведува. Дотогаш само ќе сонуваат.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK