понеделник, 25 декември, 2025 година

Sonata е освежена и со нов турбо мотор

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

За разлика од одлуката на повеќето производители токму во Женева неделава да ги покажат своите нови модели за време на саемот на автомобили, Hyundai за промоција на освежената верзија на Sonata сепак одлучи тоа да биде Јужна Кореја.

Покрај регуларната Sonata од Hyundai најавија дека ќе нудат и Sonata Turbo. Продажбата на моделот треба да почне летово.

- Advertisement -

Автомобилот доаѓа со многу промени во дизајнот на надворешноста, со што сега Sonata уште повеќе се приближува кон стилската линија на марката, ставајќи акцент на предната решетка, новите диодни дневни светла, по закосени предни светла, нови задни светла и друго.

Дополнителни детали на дизјанот има кај моделот со бензинскиот 2.0 литарски Turbo па тој е препознатлив прек новите спортски седишта со дополнителна страничка потпора, спортска предна решетка на хаубата, фарови и диодни дневни свтела со со црна рамка, заден дифузер и подолга издувна цевка, и поголеми алуминиумски тркала.

Новиот 2.0 литарски турбо мотор со 245 КС заедно со седумстепен менувач со двојно квачило може да забрза до 100 км/ч. за 7,5 секунди а наголемата брзина што може да ја постигне е 240 км/ч. Во понуда ќе биде и атмосферски 2.0 литарски бензиснки мотор со 163 КС, па и 1.6 литарски турбо бензинец со 180 КС. Ќе има само еден дизелски агрегат, 1.7 литарски со 141 КС.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја