Солта е поопасна на сонце – Затоа темелно исперете го возилото!

ОБЈАВЕНО НА:

Зимата носи многу проблеми за возилото, а особено опасна е солта која се фрла на асфалтот. Многумина веројатно не знаат дека солта е многу поопасна за возилото во текот на летото отколку во зима. Имено, рѓавењето е поинтензивно на повисоко температури отколку на пониски, па солта која е останата во процепите во долниот дел од каросеријата за време на летните горештини делува разорно на лимот.

Солта која се фрла на улиците, за да го спречи замрзнувањето во текот на зимата е натриум хлорид кој во допир со водата создава агресивна хлороводородна киселина. Во жлебовите на каросеријата, каде се акумулира и заостанува, се кондензира влага и се создаваат услови за рѓосување долго после зимата.

Звучи како парадокс, но на рѓа се изложени автомобилите чии сопственици после возењето по посолените улици ги оставаат во топли гаражи. По ист принцип кородирањето во текот на лето може да биде поинтензивно отколку во зима, а рѓата ги напаѓа најважните делови на конструкцијата.

За среќа, сите современи автомобили имаат потполно поцинкувана каросерија, отпорна на рѓосување, а најважните склопови се дополнително заштитени. Сепак, темелното перење на внатрешноста на крилата, праговите и подот е од исклучителна важност за траењето на виталните делови на каросеријата.

Солта со нечистотијата најмногу се собира во жлебовите во внатрешноста на крилата…

ВАЖНО

1.При секое перење е препорачливо темело да биде испран подот бидејќи насобраната нечистотија ја задржува влага и го забрзува рѓосувањето.

2.Темелното перење на подот после зимата е многу корисно бидејќи солта која влегува во жлебовите, аглите и процепите останува долго.

3.Изберете перална која користи црева со силен притисок на топла вода и средство за перење и заштита бидејќи се зголемуваат ефективноста.

4.После првото темелно перење е препорачливо кревање на атомобилот на дигалка или на канал за да се прегледа подот и каросерискиот лак и на тој начин да се санираат оштетувањата со цел да се спречи рѓосувањето.

5.Ако воочите пропуштање на киселина од акумулаторот веднаш заменете го, а лимот добро испрете го од остатокот на киселината.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK