Софија сака да воведе повисоки даноци за старите автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Борбата за чист воздух е веќе наше секојдневие, а едни од најголемите загадувачи се автомобилите. На балканот во моментов има многу половни возила увезени од Западна Европа кои не задоволуваат многу еколошки стандарди, што е најголем проблем на нашите држави.

Во обид да се направи конкретен чекор во битката за почист воздух, престолнината на Бугарија, Софија размислува даноците на автомобилите да се пресметуваат според тоа колку загадуваат. Идејата на рестриктивната мерка е да се ограничи употребата на стари автомобили, кои ги има во голем број во Бугарија.

Бугарските медиуми пишуваат дека заедно со ова, може да се воведат и налепници кои ќе ја покажуваат еколошката класа на автомобилите. Идеите се уште е во сосема почетна фаза и се разгледува како да се примени.

Од локалната власт потврдуваат дека пуштањето на метрото значително придонело за намалување на сообраќајот по улиците, а со тоа и на загадениот воздух. Сепак, не се отфрла потребата од дополнителни мерки во оваа насока.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK