Со Tesla Model Y ќе се вози до 370 км со едно полнење

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Tesla го покажа следниот чекор во својот развој на производите кои се определени од компанијата како компактен СУВ, Model Y. Типично за брендот, најевтината верзија на Model Y- Standard Range е со цена од 39.000 американски долари, но на пазарот ќе се појави дури за две години. Се очекува првите возила да се доставуваат до купувачите во 2021 година.

Освен во стандарндната верзија (370 километри со едно полнење), Tesla Model Y се нуди и во модификација со продолжена километража (Long Range) и автономија од 480 километри, со погон на сите четири тркала (Dual-Motor All-Wheel Drive) и спортна (Performance).

Верзијата Long Range на Model Y со заден погон се нуди со цена од 42.700, а онаа со погон на четири тркала е оценета на 46.700 долари. Model Y Performance, кој нуди можност за забрзување од 0 до 96км/ч за 3,5 секунди, спортски систем на кочење, карбонски спојлер, спортска суспензија и друго доаѓа за цена од 55.700 долари.

Интересна карактеристика на Tesla Model Y е таа што покрај конфигурацијата со пет седишта, електромобилот ќе може да биде порачан и со седум, а истата ќе биде со зголемена цена за 3.000 долари. Во цената на Tesla Model Y не е вклучен еден од најпочитуваните од корисниците, систем Autopilot, кој дава можност за автоматско управување на автомобилот при движење во една лента.

Од Tesla најавуваат дека првите испораки на модификациите на Model Y Performance, Long Range Rear-Wheel Drive и Dual-Motor All-Wheel Drive се очекува да почнат во текот на есента во следната година, а во текот на пролетта во 2021 година и на основниот Model Y Standard Range.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK