Со смартфон украде возило Tesla од паркинг (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сајбер – безбедноста кај автомобилите е веќе многу важна, а доказ за тоа е случката од минатата недела, кога крадец користејќи смартфон од Tesla успеа да отвори еден Model S од паркингот на Mall of America, во Блумингтон, Минесота и да си замине со возилото. Автомобилот бил од компанијата Trevls, која изнајмува возила во молот.

Од Tesla сметаат дека крадецот користел многу професионална информација како да успее да го отвори автомобилот. Велат дека се запознаени со проблемот и дека имаат одговор за хакерските напади на крадците во Европа. Се мисли на оние крадци кои успеваат да го клонираат RFID потписот за управување на возилото со далечинско и Tesla веќе нуди нов PIN код за моделите S и X, кој ќе се плаќа дополнително. Сопственикот пред да го стартува возилото ќе мора тој код да го уфрли.

Кога возилото ќе го препознае далечинското и ќе ги отвори вратите, на централниот борд дисплеј излегува простор каде треба сопственикот да го внесе дополнително добиениот личен код за да може да го стартува возилото.

Автомобилите Tesla се со највисоката поврзаност во светот, а со својата посебна апликација нудат контрола на многу од системите во возилото. Софтверното ажурирање се прави безжично, а постои и далечински контролирана паркинг апликација управувана од смартфон.

Овие нешта се покажале корисни, кога полицијата се обидела да го пронајде украдениот автомобил. Крадецот успеал да го деактивира GPS-от и сакал да го однесе автомобилот во Тексас. Независно од тоа од Tesla успеале да го пронајдат автомобилот, кога возилото било запрено за полнење на една од станиците за брзо полнење меѓу Минесота и Тексас, каде бил уапсен три дена после крадењето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK