Со системот eHorizon, Continental спаси милијарди литри дизел гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Додека дизел моторите ја губат популарноста во однос на лесните автомобили, сепак, тие се незаменлив дел во секторот на трговски превозни средства. Затоа производителите на автомобили и добавувачи на различни системи работат засилено за да ги направат дизел моторите многу поеколошки.

Според стручњаците од Continental потенцијалот за штедење ги нема достигнато границите, а според нив следната генерација на „електричниот хоризонт“, динамичниот eHorizon, ќе зачува уште два проценти во споредба со претходникот.
Таа заштедила повеќе од една милијарда литри на дизел и ги намалила за три милиони тони емисиите на CO2 во сообраќајот со камиони од 2012 година досега.

Додека статичниот eHorizon ја споредува позиција на превозното средство со прецизни топографски карти и користи информации за претстојната маршрута во облак за други превозни средства, на пример за забрзување пред искачување или за одземање на гас пред спуштање и на тој начин се заштедува уште гориво.
На тој начин се одредува динамиката на возење со помош на податоци, кои се доставуваат и анализираат во реално време. Тоа им овозможува на пресметките да ја вклучат актуелната ситуација во сообраќајот. Системот во моментов е подложен на финални тестови во фазата на претпроизводството.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK