Со поминати 462 км овој Mercedes 190E oд 1986 година е вистински раритет

ОБЈАВЕНО НА:

Вистински раритет од автомобил се појави на интернет – Mercedes 190E од 1986 година со поминати само 462 км. Овој автомобил кој веднаш предизвика интерес особено кај колекционерите на олдтајмери располага со 2.3 литарски четири цилиндрен бензински мотор кој продуцира 132 КС, а доаѓа со пет степен автоматски менувач.

Внатрешноста е буквално како нова. Опремена со за тогаш огромна опрема овој автомобил меѓу другото располага со автоматска клима, електричен подвижен кров, електрични подигнувачи на предните и задните стакла, темпомат, воздушни перничиња како и оригинално Becker Grand Prix радио.

Mercedes 190E

Како што се наведува во описот, сите делови како и документацијата за ова возило се оригинални па поради тоа и продажната цена од 49.600 евра што за автомобил од овој тип и со старост од 33 години воопшто не е и многу.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK