Со „паметни“ клими Skoda во битка со бактериите

ОБЈАВЕНО НА:

Модерната климатизација и нејзините воздушни филтри обезбедуваат чист воздух во автомобилот. Таков е на пример случајот со системот Climatronic во новите модели на Skoda. Сензорите го следат квалитетот на воздухот, филтрите имаат антибактериски ефект и апсорбираат миризби. Air Care системот открива зголемени концентрации на прашина и автоматски ја отстранува.

Најдобриот начин да го направите тоа постојано и квалитетно е филтрите да се менуваат редовно, во идеaлниот случај преку пролетта, а тоа го советува и производителот. Филтрите во внатрешноста од автомобилот засега не штитат од вируси.

Според производителот, филтрите во внатрешноста и интелигентните климатски системи задржуваат до 99 проценти од прашината и многу фини честички прав, кои се изнесуваат надвор кај соодветно опремените возила. Skoda да ја зголеми безбедноса при возење за оние кои страдаат од алергија и кај лицата со хронични проблеми при дишењето, како и да се зголеми удобноста за сите патници. Тоа се однесува особено за чувствителните луѓе и деца, на пример во градови и региони кои се загадени со ситна прашина.

Системот Climatronic со Air Care се нуди стандардно или како опција во новата Octavia, како и во Karoq, Kodiaq и Superb. Со помош на различни сензори се мери квалитетот на воздухот и влажноста во внатрешниот дел од автомобилот. Ако се открие прекумерно загадување на внатрешниот воздух, автоматски се активира функцијата за рециркулација.

Тоа значи дека не влегува повеќе загаден воздух однадвор и дека постојниот воздух се прочистува за време на неговата внатрешна циркулација. Со циркулација, воздухот се пренесува преку внатрешниот филтер со активен јаглед на системот Air Care секој пат. Тој не само што ги филтрира малите честички, исто така има и антибактериски ефект и ја чува внатрешноста од бактерии.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK