Со овие електромобили ќе возите најдолго со едно полнење (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Производителите постепено наоѓаат решение за најголемиот недостаток на електромобилите, а тоа е можноста за долго возење без притоа да има потреба од полнење. Денес дури и најевтините предлози на пазарот можат да поминат по 200-300 километри со едно полнење на батеријата.

Експериментите покажуваат дека границата од 1000 километри и не изгледа толку неверојатно. За жал за таа цел треба да бидат жртвувани брзината, комоцијата и нервите.

Растечкиот бран на нови електрични модели ветува вистински рекордери по ефикасно користење на енергијата. Повеќето од нив можат да поминат како нивните претходници со мотори со внатрешно согорување, а некои од нив дури и повеќе.

Piëch Mark Zero

Електричното купе на правнукот на Фердинанд Порше има три електромотори со општа моќност од 612 коњски сили, импресивна динамика (3,2 секунди од 0 до 100 км/ч) и батерија со брзо полнење (4 минути и 40 секунди за 80% полно). Километражата по WLPT е 500 км.

Tesla Model X

Благодарение на измените направени пред скоро време во системот за управување на електроенергијата, верзијата Long Range на големиот кросовер на Tesla може да помине до 507 км по WLTP. Истоврмето со ова е зголемена и моќноста на Model X, кој веќе може да забрза од 0 до 100 км за 4,4 место досегашните 4,7 секунди.

Byton M-Byte

Продажбата на кинеските кросовери на домашниот пазар почнуваат уште оваа година. Верзијата на M-Byte со четири погонски тркала, два електромотори со општа моќност од 476 коњски сили и 95-киловат часовна батерија може да измине до 520 километри без полнење.

Rimac C_Two

Хипер автомобилот од Хрватска на струја има четири електромотори со вкупна моќност од 1914 коњски сили и индивидуални менувачи, 48-волтен електричен систем и батерија со капацитет од 120 кВтч, која поддржува полначи со моќност од 250 кВт. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 1.97 секунда, а максималната километража со едно полнење по WLTP е 550 км.

Volkswagen ID.3

Првиот сериски електромобил на Volkswagen исто така може да помине 550 километри без полнење. Хечбекот има електромотор со моќност од 170 коњски сили, а е монтиран на задната оска. Германците веќе имаат добиено 15.000 нарачки за деби модификацијата ID.3 1ST со среден капацитет на батеријата и можност за поминување од 420 км.

Tesla Model 3

Верзијата Long Range со 85-киловатчасовна батерија е сертифицирана со пасошка километража од 560 километри по WLTP во Европа. Двомоторниот електромобил забрзува од 0 до 100 за 4,4 секунди, а максималната брзина е 225 км/ч. Модификацијата Performance е побрза, но може да помине 30 километри помалку.

Tesla Model S

Скорешната модернизација заедно со Model X лифтбекот на Tesla со 100-киловатчасовна батерија, може да помине до 610 километри без полнење. Пријатен бонус е можноста за полнење од терминалите Supercharger V2 и V3 со 50% поголема брзина.

Fisker EMotion

Екстравагантниот електромобил на Хенрик Фискер со врати од типот „Крилја на пеперутка“ ќе излезе на пазарот после попристапниот кросовер на компанијата. Има два електромотори со вкупна моќност од 782 коњски сили и може да помине до 640 километри со едно полнење. Плановите на Fisker предвидуваат со дополнително плаќање да се нудат супер кондензатори со графин, кои ќе го доближат капацитетот до поскуваните 1.000 километри.

Rivian R1T и R1S

R1T и R1S се опремени со по четири електромотори со општа моќност од 760 коњски сили и можат да изминат 645 километри со едно полнење. Според сајтот на Rivian тоа е доволно за патување од Сан Франциско до парко „Јосемити“ и обратно. Електромобилите се изградени на платформата од типот „скејтборд“, која ќе се продава и на други производители. Компанијата веќе има договор со Ford.

Tesla Roadster

Втората генерација на моделот има можност за поминување на 998 километри со едно полнење, но тоа не е најимпресивниот параметар на електромобилот. Трите мотори го забрзуваат возилото од 0 до 60 милји/ч (97 км/ч) за 1.9 секунда и му дозволуваат да помине четвртина милја (402 метри) за 8,8 секунди.

Lightyear One

Творците на холандскиот електромобил тврдат дека може да се полни сам благодарение на вгрдените сончеви батерии на покривот, кои ја зголемуваат километражата до 556 километри. Во максимално штедлив режим на возење со исклучена клима Lightyear One може да помине 800 км, што значи дека можност за поминување на вкупно 1154 километри. Дали тоа е вистина, сепак, ќе се дознае дури после стартот на продажбите кои се предвидени за крајот на оваа или почеток на следната година.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK