Со овие автомобили се збогувавме во 2019 година

ОБЈАВЕНО НА:

Оваа календарската година е при крајот, а покрај бројните новитети кои се претставија, оваа година во историјата заминаа и бројни модели.

Најпрво Alfa Romeo го прекина производството на својот најмаал модел во понудата – моделот MiTo. Овој автомобил во понудата беше воведен во 2008 година, а причината за сопирање на производството се слабите продажни перформанси.

Своето збогување годинава го имаше и легендарниот фијатов модел, Punto. Овој модел во понудата на Fiat беше повеќе од две децении, но раководството на FCA се одлучи да не лансира замена за овој модел.

Toyota годинава ги пензионираше моделите Verso и Avensis додека пак Kia се одлучи да го прекине производството на Carens и при тоа посветувајќи се на XCeed и ProCeed.

На листата автомобили кои своето патување го завршија во 2019 година се наоѓаат уште и Citroen C4, DS 4, DS 5, Ford B-Max, VW Jetta и легендарната Буба.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK