Со оваа километража најбрзо се продава автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Кога продавате или купувате автомобил една од важните работи е колку тој автомобил има поминато, односно километрите. Оние со поголем акилометража се често мета на дополнителни вложувања, па некогаш тоа купување е како „мачка во вреќа“.

Истото е и кога треба да го продадете возилото, да ја добиете најдобрата цена, и да го направите тоа кога возилото има изминато „оптимален“ број на километри.

Најновите автомобили – оние со помалку од 50.000 км на километражата – сочинуваат само 6% од статистиката за продажба на користени автомобили според некои статистики. Според едно истражување, најдобро се продаваат автомобилите со километража од 100.000 – 150.000 километри.

Во статистиката, се забележува дека автомобилите со километража над 250.000 км почнуваат да се продаваат значително полошо: нивниот удел се намали од 14% на 7%.

Но возилата чија километража е помеѓу овие граници (50.000 – 250.000 km) се најпопуларни. Автомобилите со километража од 50.000 до 100.000 km претставуваат 17% од продажбата, од 100.000 до 150.000 km – 25%, од 150.000 до 200.000 km – 23%, од 200.000 до 250.000 km – 15%.

Може да се претпостави дека значителното зголемување на цените на пазар на половни возила ги направи релативно новите автомобили недостапни за многу купувачи – оттука и големата побарувачка за возила со километража од 50.000 до 250.000 километри.

Километражата поголема од 250.000 километри веќе ги одвраќа купувачите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK