Пoнудата на теренци на француската марка дополнително беше збогатена со новиот Renault Symbioz. Користејќи хибридна технологија и елегантен дизајн, ја пополнува празнината што постои помеѓу Captur и Austral.
Со овј модел, Renault ќе му конкурира на Nissan Qashqai, но новитетот е со акцент на практичноста, убавиот дизајн и малата потрошувачка на гориво.
Renault Symbioz се приклучува на долгата листа на кросовери и теренци на францускиот производител. Потсетуваме дека покрај Captur и Austral, во понудатат на компанијата с еуште и Arkana и Espace. Ним ќе им се придружат Scénic, трансформиран во електричен SUV и Rafale, купе верзија на Espace.
Renault Symbioz е базиран на CMF-B платформата што се користи во Clio и Arkana. Со должина од 4.413 mm, ширина 1.797 mm и висок 1.575 mm, тој е значително подолг од Captur (4.227 mm) и малку пократок од Austral (4.510 mm). Моделот е најблиску по големина до електричниот Scenic (4.470 mm).
Но, елеганцијата не вреди ништо без практичност, поради што задните седишта се лизгаат 160 mm напред и назад, па можете да го промените капацитетот на багажникот од 492 до импресивни 624 литри.
Така ќе изберете дали сакате да обезбедите дарежлив простор за колената на патниците во задниот дел или за вашите куфери. Ако ги преклопите поделените задни седишта во однос 60:40, вкупниот капацитет се зголемува на 1582 литри.
При лансирањето, единствената опција за погон ќе биде E-Tech Full Hybrid 145 на Renault, кој комбинира 1,6-литарски 4-цилиндричен бензински мотор, два електрични мотори и батерија од 1,2 kWh.
Овој погон нуди моќност од 145 КС. и официјална потрошувачка на гориво од само 3,8 литри на 100 km. Renault тврди дека до 80% од градските патувања може да се направат само на електрична енергија.
Renault исто така ја истакнува релативно малата тежина на Symbioz – нешто помалку од 1.500 kg – како клучен елемент во неговата ефикасност. Францускиот модел ќе се нуди со вкупно 29 системи за помош на возачот, вклучувајќи и автоматско итно сопирање во рикверц.