Прашањето на што е способно модерното полнење на електричните автомобили станува сè поинтересно. Одговор на ова прашање дава една нова графијка која нуди показател за напредокот. Во моментов за полнење на електромобилите се користат голем број на различни електрични станици, а сите имаат различни можности.
Компанијaта Tritium од Австралија претстави една едноставна и разбирлива инфографика, која покажува различни структури и времиња, околу тоа за што се способни електромобилите.
Како што може да се види подолу на графиката, доколку „домашната“ електрична мрежа го полни вашиот автомобили за патување од 32 километри за време од 1 час и 30 минути, најновите уреди тоа го прават многу побрзо и за само една минута.
Најгоре на графиката, која можете да ја видите се различните станици за полнење. Вториот ред го покажува полнењето за „градско“ возење од 32 километри, додека најдолу се гледа колку автономен опсег обезбедуваат различните станици.