Со новата технологија ќе биде бесмислено да се краде Toyota и Lexus

ОБЈАВЕНО НА:

Од една страна се сопствениците на возилата, од друга крадците. Првите бараат начин како да ги заштитат своите возила, а овие другиве начин како да ги украдат, потоа да ги расклопат и продадат во делови или едноставно да ги препродадат. Но, сега јапонските научници најдоа начин со кој крадењето нема да има смисол. при што ако тоа се случи крадецот ќе биде пронајден веднаш ако користи делови од тоа возило.

Тоа веднаш ќе биде воочливо при првата контрола. Овој нов безбедносен систем за некои модели на Toyota и Lexus ќе се заснова на уникатна технологија на идентификација на кражбата T-Mark/L-Mark. Автомобилот е обележан со идентификатори направени под формати на филм со дијаметар од 1 мм. на кои има PIN-код што одговара на VIN бројот на возилото.

Околу 10.000 такви идентификатори ќе бидат применети на различни делови од каросеријата на автомобилот, компонентите и деловите на возилото. Проверката на соодветниот автомобил и означувањето на сензорите ќе се изврши по електронски пат.

Ceгa oргaнитe нa рeдот и купувaчитe нa aвтoмoбили ќе можат дa го проверат секое превозно средство што ќе биде дел од програмата на Tоyоtа и на Lеxus и дa ce увeрят, во сите податоци како година на производство, број на мотор и други технички спецификации.

Секој дел ќе има своја ознака и нема да може да се користи

Поради повеќекратните кражби на јапонски автомобили во Русија, услугата започнува да се користи таму, но се очекува да бидат применети и на други места и земји.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK