На свечената церемонија во Волфсбург, репрезентацијата на Германија во фудбал ги доби клучевите од новиот автомубс, MAN Lion’s Coach C, кој беше изработен по нарачка. Машианта е опремена со солиден турбодизел мотор од 500 коњски сили и се разликува од сериските модели по специјалната опрема и екслузивниот ентериер.
Овој автобус е долг 13,4 метри, а се работи за MAN со три оски и е еден од трите автобуси кои ќе ги добија фудбалските селекции на Германија. Автобусите на женската и младинската репрезентација се поскромни и се со моќност од 460 коњски сили.
Внатрешниот дел од автобусот на Бундес тимот се одликува со луксуз. На бордот има 36 седишта со можност за регулирање, тапацирани со високо квалитетна кожа. Предвидени се и четири маси со можност за четири места за седење.
Новиот MAN Ќе нуди исто така и комфорна зона за јадење со фрижидер и бар, луксузен тоалет и богата мулдимедијална опрема, безжичен интернет по стандардите на LTE, медиски сервер, неколку монитори, висококвалитетен аудиос систем со моќнот од 500 вати и бројни порти за HDMI и USB.
Производителот го има снабдено автобусот и со системи за безбедност. Покрај шесте камери со можност за снимање од 360 степени, специјалниот Lion’s Coach располага со сите модерни асистенти од контролата на движење на лентата до мониторинг на состојбата на возачот.