Џејмс Мучачо, 48 годишник од Флорида предизвика големо внимание откако со своето Ferrari 360 Modena слета во океан.
Настанот се случил во Норт Ошн булеварот, а сведоците кои се затекнае на тоа место веднаш пријавиле во полиција. Полицијата заедно со екипа за спасување веднаш излегла на лице место, а возачот на ова Ferrari бил затекнат како седи во автомобилот сосема мирно.
Уште поголем интерес предизвика испитувањето на овој 48 годишник. Како што објави портпаролот на локалната полициска станица, возачот и сопственик на ова Ferrari на прашањето зошто влетал со автомобилот во океанот изјавил дека така му кажал Исус.
Инсерти од овој настан можете да погледнете на видеото во прдоолжение.