Со BMW Isetta шверцувал луѓе во време на студената војна (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Годинава во декември ќе се одбележи 30 години од „паѓањето“ на Белринскиот ѕид, а германскиот производител BMW со краток филм The Small Escape ја прикажува желбата за слобода и снаодливоста и генијалноста на инженерите.

Приказната датира од 1964 година, кога 79-годишен инженер Клаус-Гинтер Јакоби, ја минувал контролната граница меѓу Источен и Западен Берлин во мало BMW Isetta и го прошверцувал неговиот пријател Манфред Костер. Ако не знате кое возило е BMW Isetta тогаш погледнете го видеото за да го видите конфорот што го нуди.

Но, задачата да се пренесе пријателот на „слободна тероторија“ не беше лесна, бидејќи Јакоби мораше да го прилагоди возило долг 230 сантиметри и да ја намали големината на резервоарот за гориво за неговиот пријател да се скрие од воената контрола.

Идејата успеа, со тоа што ова возило беше изложено во музејот во Берлин денес, тие успеаја да прошверцуваат вкупно девет лица за тој период. Тешко било да се мине границатана Источен и Западен Берлин каде под контрола на Русите и на Сојузнците биле деловите од градот.

Кога се работи за помош на пријател тогаш може да се најде решение. Во 1898 година „падна“ берлинскиот ѕид со што можеше слободно да се патува.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK