Со автобус од 35 тона помина преку мост со дозволена носивост од 10 тона (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Непочитувањето на сообраќајните прописи особено хоризонталната и вертикална сигнализација може да донесе бројни незгоди. Непочитувањето значи и ризикување од појава на тешки последици.

Токму големи последици можеше да предизвика еден несовесен возач на автобус кој возеше по мост со возило чија тежина драстично ја надминува доволената.

Така, засега неименуван возач на автобус чија тежина изнесува 35 тони се дрзна да помине по мост чија конструкција не дозволува возење на возила над 10 тони тежина. Целиот настан кој се одвиваше на мостот Бивер во сојузната американска држава Арканзас е целосно снимен, а видеото поставено на YouTube предизвика бројни негативни реакции на сметка на возачот.

Како сето тоа изгледаше погледнете на видеото во продолжение.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK