Со краток анимиран филм насловен како “The Last Mile”, Volkswagen се збогува од легендарната Буба.
Во анимираниот филм со должина од 90 секунди, кој Volkswagen го објави на својот YouTube канал е прикажано патешествието од 70 годиншната историја на овој модел, проследено со легендарната “Let it be” на Битлси.
Овој легендарен модел за прв пат започна да се произведува во 1938 година, а во својата историја се произведуваше во повеќе од 20 земји, меѓу кои и Југославија. Вкупно се продадени над 20 милиони примероци, а за дизајнот најзаслужен е Фердинанд Порше.
Инаку пред една година, Клаус Бишоф, одговорен во центарот за дизајн на VW изјави дека работат на нов проект за Буба и тоа како автомобил со пет врати. Тогаш беше најавено дека овој модел ќе се темели на MEB платформата односно новата генерација се очекува да пристигне во 2022 година.