Со 8 милијарди евра Франција ќе ја помага автомобилската индустрија

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија зазема значајно место во француската економија. Покрај тоа што вработува значителен број работници учествува и во креирањето на БДП производ. Оттука и посветеноста на владата за помош на оваа индстрија во оваа криза.

Презентирајќи го “историскиот план” за економска помош на компаниите, претседателот Емануел Макрон се осврна и на автомобилската индустрија за која кажа дека ќе бидат наменети нешто повеќе од 8 милијарди евра.

“Државата ќе даде нешто повеќе од осум милијарди евра за тој сектор” изјави макрон за времен а посетата на фабриката за автоделови на Valeo во северот на земјата.

Дополнително, Макрон ги зголеми субвенциите за еколошки возила на 7 илјади евра за физичките лица и 5 илјади евра за правните лица. Дополнително воведе и субвенции од 2 илјади евра за хибридните возила, а се планира и субвенционирање на возила купени по принципот старо за ново.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK