петок, 25 јули, 2025 година

Со 3D сигнализација ќе ги предупредуваат возачите кои возат во погрешен правец

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

За да може да се подобри безбедноста при возењето на автопатите, во Хрватска одлучија дополнително да се означи асфалтот со кој возачите би биле предупредени за возење во погрешен правец. Заради оваа потреба почна да се употребува 3D сигнализација. Истата ќе биде поставена на површината на асфалтот, а таа ќе ги предупредува возачите кои возат во погрешен правец на тој начин што ќе се создаде оптичка мамка.

Прва таква сигнализација е веќе поставена на автопатот А4 Загреб-Горичан и тоа на клучката Поповец. Првата 3D хоризонтална сигнализација која возачите ги предупредува на погрешен правец засега е само пилот проект. Втората 3D хоризонтална сообрачајна сигнализација се наоѓа на автопатот А4 на одмаралиштето Љубешчич во правецот кон Загреб.

- Advertisement -

Оваа 3D сигнализација ќе биде поставена и на автопатот А1 Загреб-Сплит-Дубровник и тоа на клучките Горна Плоча и Загвозд, на автопатот А3 Бреган-Загреб-Липовац, на клучката Ругвиц и на автопатите А5 Бели Манастир-Осиек-Свилај, на клучката Ѓаково и одморалиштетот Ивандор во правец кон Осиек.

Како функционира 3D сигнализацијата? 3D ознаката на асфалтот создава оптичка мамка која доаѓа при што се доаѓа до вештачки испакнатини, а целта е да се предупредат возачите кои возат во погрешен правец.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја