Со 3Д принтер ќе испечати 10.000 примероци од суперавтомобил со 700 КС (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Divergent Microfactories e нов начин на изработка на автомобили и тоа ни повеќе ни помалку туку на 3D принтер.

Повеќе не мора да отиде по автомобил во автосалон туку преку интернет може да побарате: „Ве молам испринтајте ми суперавтомобил со 700 коњски сили“. Погледнете ја фотографијата и видеото од суперавтомобилот Blade кој се изработува со принтање на 3D принтер.

Blade е првиот суперавтомобил во светот кој е изработен со целосно нова техника на тродимензионално принтање. Премиерно е покажан на саемот Solid Convention во Сан Франциско. Шасијата е испринтана од специјални метални легури во комбинација со цевки од јаглеродни влакна за да се добие исклучително лесна конструкција.

Компанијата Divergent Microfactories тврди дека за печатење на шасијата се доволни само 30 минути. Шасијата е тешка само 46,2 килограми, а од нив 27,7 килограми се од металната легура, додека 18,5 килограми се јаглеродни влакна.

Вкупната тежина на целиот суперавтомобил Blade e 612 kилограми, што е феноменален резултат, ако се знае дека на пример Bugatti Veyron има повеќе од 1800 килограми.

За погон се користи бензински мотор со моќ од 700 коњски сили, кој како гориво користи плин или бензин. Компанијата Divergent Microfactories тврди дека за забрзување од место до 100 км/ч се потребни околу 2 секунди.

Производството на суперавтомобилите со помош на 3D принтер бара помалку енергија, алат и простор, па со самото тоа е поевтино и зналително помалку ја загадува околината, велат од компаниајта. Планот е годишно да се произведуваат околу 10.000 примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK