Снимена новата Kia Soul

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за на саемот во Лос Анџелес кон крајот на месецот, на интернет се појави првото видео на кое се гледа маскираниот Kia Soul.

Како што може да се забележи од видеото, овој автомобил во моментов се тестира на патеката во Нирбургринг во Германија, а по премиерата закажана за во Лос Анџелес, автомобилот ќе влезе во сериско производство во вториот квартал следната година.

Третата генерација на Soul се темели на B-SUV платформата развиена од страна на Hyundai Motors, а која се користи кај неколку модели од овој јужнокорејски производител. Погонот е на сите четири тркала, а во понудата се очекува да дојде со 2.0 литарски атмосферски и 1.6 литарски турбо бензинец. При тоа ќе биде понуден и со шест степен мануелен и автоматски менувач, а понудата ќе биде збогатена и со електрична изведба со автономија од околу 485 километри.

Првата генерација на овој автомобил се појави во 2008 година откако претходно како концепт се појави на саемот во Париз. По само пет години се појави и актуеланта втора генерација која меѓудругото е достапна и во хибридна изведба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK