По официјалниот тизер претставен од Skoda на кој е претставен маскираниот Enyaq, на интернет се појавија фотографии снимени за време на тестирањето на овој целосно електричен SUV.
Како што и се очекуваше, но и беше најавено, овој модел ја следи дизајнерската филозофија која веќе неколку години ја пропагира дизајнерскиот центар на чешкиот производител.
Од претходно е познато дека ќе се произведува во фабриката на брендот во Млада Болеслав ќе понуди емоционален дизајн, типичен за брендот, типичен внатрешен простор, 13-инчен информациски дисплеј и најсовремен систем за поврзување.
Познато е и дека основната верзија на овој модел ќе располага со интегриран акумулатор со капацитет од 55 kWh и електромотор во задниот дел на возилото со моќност од 150 коњски сили, а автономијата ќе биде до 340 километри.
Инаку Enyaq требаше премиерно да биде претставен на саемот во Женева, но по одложувањето не е познато кога и каде ќе се одржи светската премиера.