недела, 25 декември, 2025 година

Снимен новиот Peugeot 208

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Откако пред само неколклу недели се појави информација дека новата генерација на Peugeot 208 ќе пристигне на претстојниот саем во Париз, на интернет се појавија и првите официјални снимки од овој автомобил.

Од маскираниот Peugeot 208 може да се види она што и беше за очекување, а тоа е сличниот дизајн како и кај новата 508 оја беше премиерно претставена оваа година.

- Advertisement -

Така, новата генерација на Peugeot 208 доаѓа со нова предна маска како и нови LED предни светла со две странични линии кои се спуштаат вертикално кон предниот браник, а кои слушат за дневно амбиентално светло. Во внатрешноста ќе бидат преземени и неколку ентериерни детали од Peugeot 508, а оваа генерација на Peugeot 208 за разлика од претходната доаѓа и со најновата генерација на инфотејнмент на Peugeot.

Покрај основната изведба, 208 следната година ќе дебитира и во електрична изведба, а засега е нејасно дали ќе има и GTi изведба.

Инаку за прв пат на пазарот 208 на Peugeot се појавува во 2012 година откако претходно беше премиерно претставена на саемот за автомобили во Женева. Во својот сегмент Peugeot 208 важи за еден од најпродаваните автомобили, а со новата генерација Peugeot цели кон врвот на овој сегмент.

За повеќе технички податоци околу овој модел ќе мораме да почекаме до саемот во Париз кој на почетокот на октомври ќе се одржи во француската престолнина.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја