Снимен Dacia Spring – најевтиниот електричен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на годинава Dacia го претстави концептот на својот прв електричен автомобил. Тогаш беше најавен како најевтин електричен автомобил кој ќе биде достапен за продажба кон крајот на годината.

Сега на интернет се појавија и првите фотографии од продукциската верзија. Иако маскиран, може да се види дека Spring ја следи дизајнерската филозофија на концептот.

Што се однесува до самата архитектура, ова возило се базира на истата онаа како и Renault K-ZE кој се произведува во Кина и е достапен на кинескиот и останатите азијски пазари. Оттука и должината од 373 см што ќе го направи најмал автомобил во понудата на Dacia.

Dacia Spring

Почетната цена на ова возило изнесува 15 илјади евра, во Франција, цена која се очекува да биде и за останатите земји во Европа. При тоа со едно полнење овој автомобил може да помине 200 км.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK