Снегот и мразот ќе се топат како шега – најдоа подобро решение од солта

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку на патиштата почне да се задржува снегот тогаш на потег се зимските служби кои почнуваат со расфрлање на сол, а добро е познато дека таа не е најздрава. Солта го уништува асфалтот, но делува негативно и на околината во нејзината близина.

Научниците од Washington State University ja додоа до нов заклучок: Мразот и снегот на патиштата подобро би се топел со лушпа од грозје и други остатоци од земјоделските култури, а притоа се речиси неутрални за патот и околината.

Научниците дојдоа до заклучок дека лушпата од грозје, хемиските процеси и распаѓањето создаваат моќно средство за зимско посипување на патиштата, што е во пракса многу подобро отколку солта односно многу побрзо го топи мразот.

„Овој проект е одличен бидејќи зад него не останува никаков отпад. Зависно од земјата заедно со грозјето можеме да комбинираме и други врсти на градинарски култури“, објасни професорот Ксијанминг Ши, кој го води целиот проект.

Кај нас веројатно ово би било најмногу применувано во Тиквешијата каде има и најмногу лозови насади. Па наместо да се фрла грозјето може и да се користи лушпата..

Следете не и на:

24AUTO NETWORK