Smart се откажува од бензинските мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Периодов поради драстичните WLTP процедури многу производители во целост се откажаа од дизелските агрегати, а други пак мораа да ја стеснат понудата на автомобили со ваков тип на мотор.

И додека сите се откажуваат од дизелот, германскиот производител на микроавтомобили, Smart објави дека се откажува од бензинските мотори.

Откако Daimler, сопственикот на овој бренд пред нешто повеќе од еден месец го објави стратешкиот план за развој на овој производител, сега и официјално се преземаат првите чекори во реализацијата на истиот. Така, овој производител сега во целост се откажува од моторите на внатрешно согорување и во целост се насочува кон електричните мотори.

Претходно, германскиот производител во целост од дизелските и бензинските мотори се откажа на американскиот пазар, а сега истото го прави и на европскиот пазар. Со ова Smart станува првиот производител кој во целост се префрла на електрични мотори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK