Во јули во 1998 година беше означен старт на производството на претставниците на еден од најуникатните автомобилиски брендови во светот – Smart. Две дениции подоцна, продуктите на компанијата се достапни во 46 држави низ целиот свет, а продажбите се на ниво од над 2,2 милиони единици.
Низ годините од премиерата на Smart во Франкфурт во 1997 година, автомобилите од компанијата се вистински репер за субкомпактно урбано возило. Тие се исклучително почитувани во цела Западна Европа, а особено за државите како Германија и Италија, во центрите на поголемите градови каде претставниците на брендот се многу честа појава.
Актуелната трета генерација на Smart беше претставена во 2014 година, а во моментов движечката гама е составена од трицилиндричен бензинов мотор со верзии на моќност од 71 и 90 коњски сили и електрично придвижување, каде клиентите можат да избираат и меѓу петстепена и автоматска менувачка кутија.
Од 2020 година, Smart ќе предложи единствено само електромобили, а офанзивата ќе почне од Западна Европа, особено од Германија. Потоа електромобилите ќе бидат лансирани и на другите пазари.