Smart и кажа збогум на Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Smart автомобилите по оваа есен нема повеќе да се продаваат во САД и Канада, стои во официјалното соопштение објавено од страна на Smart.

Главната причина за повлекувањето од овој пазар е слабата продажба во изминатите години поради што наместо профит, продажбата по единица автомобил генерира значајни трошоци.

Во изминатата година во САД, Smart продаде само 1.276 автомобили што претставува огромен пад, особено ако се спореди со продажбата пред 10 години кога истатаа изнесувше 24.622 автомобили.

Непрофитабилноста на Smart, не само во Америка туку и на глобално ниво придонесе да во март годинава Daimler во чија сопственост е Smart да потпише заеднички инвестиционен договор со Geely. Според овој договор, Smart треба да прерасне во профитабилен бренд, а до 2022 година да се лансираат исклучително електрични модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK