Најголемиот кинески производител на автомобили, Geely откупи 50% од акциите во Samrt со што заедно со Daimler станаа најголеми акционери. Планот за иднината е познат и според истиот Smart ќе се насочи исклучиво кон развој и производство на електрични мини автомобили.
Од 2022 година планирано е целосно електрифицирање на понудата на Smart, а токму од оваа година целосно производство ќе се произведува исклучиво во Кина. Дотогаш, производството на акутелните модели останува да се спроведува во погоните на Daimler во Франција и Словенија.
“Нема да има разлика во квалитетот и натаму ќе бидеме премиум бред” соопштуваат од производителот. Плановите се амбициозни, а Ли Шуф, од Geely наведува дека годишното производство е планирана од 100 до 350 илјади мали автомобили.