Смачкано крило и уништен ретровизор на MсLаrеn 720S чинат 69.000 долари (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сопственици на локална компанија за автомобили за наем во Лас Вегас долго ќе го помнат клиентот кој приредил огромна штета на автомобилот MсLаrеn 720S.

Додека го паркирал британскиот супер автомобил, мажот удрил во пикап возило со крената суспензија. На прв поглед повредите на возилото МcLaren не изгледаат толку тешки, но при судирот е смачкан предното лево кило на возилото, скршено е страничното огледало, а левиот борд бил изгребан по целата должина на автомобилот.

Откако бил прегледан цел автомобил се покажало дека само новите делови ќе чинат неверојатни 69.000 долари (62.245 евра). Работата за отстранувањето на штетите и префарбањето не е вклучена во сумата и ќе треба да бидат платени одделно.

Се разбира, трошоците за поправката ќе бидат покриени од осигуруањето. Од Rоyаlty Еxоtiс Саrs ќе треба да се простат со автомобилот за околу три месеци додека трае поправката.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK