Следните две години Maserati нема да понуди спортски модел

ОБЈАВЕНО НА:

Поради доцнењето на промоцијата на Maserati Alfieri беше потврдено дека италијанската марка нема да понуди на пазарот спортско возилот или GT, најмалку во следните две години.

Според пишувањето на Car Magazine производството на сегашните GranTurismo и GranCabrio ќе заврши на крајот на 2017 година. Иако Maserati потврди дека овие модели ќе имаат свои наследници, тоа нема да се случи до 2019 или најрано до 2020 година.

Првичните планови на компанијата и брендот беа со реализација на Alfieri, тој да биде примарен спортски автомобил по завршување на производството на Gran Turismo и GranCabrio.
Сепак не с еочекува Alfieri да почне да се произведува до почетокот на следната деценија. Официјалното објаснување од компанијата е дека тој е во „холдинг позиција“ – орбитира околу земјата и се очекува секој момент да слета.

И покрај отсуството на било какви нови спортски модели или GT, продажбата на Maserati може да биде со рекордни бројки во текот на следните години поради побарувачката на моделот Levante SUV.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK