Следната генерација на VW Golf доаѓа за две години

ОБЈАВЕНО НА:

Новите информации поврзани за новата генерација на Volkswagen Golf веќе почнуваат да стигнуваат во јавноста. Според магазинот Auto Express, компактниот модел би требало да дебитира на саемот во Франкфурт во 2019 година. Промоцијата ќе се совпадне со претставувањето на I.D. електричните возила, но и покрај тоа новиот Golf ќе остане „главен продукт“ на компанијата.

„Приоритет е Golf, бидејќи новата генерација ќе продолжи да биде нашиот главен продукт, и таму ќе ни биде поставен фокусот, изјавил Херберт Дис, шефот на Volkswagen за англискиот магазин. „Може повторно да го нарекуваме „Das Auto“, бидејќи тоа ќе биде одличен пакет за автомобил со пет седишта, и тоа досега добро функционира.

Многумина веќе шпекулираат дека надворешниот изглед на Volkswagen Golf Mk8 нема да биде драматично различен во однос на сегашниот модел, и ќе има само еволутивни решенија. Се очекува да има LED светла, ниско поставена долната хауба, ознака “Golf”, која најверојатно ќе биде под знакот VW на задната врата, потег инспириран од Arteon.

Ако надворешниот изглед ќе има само еволуција, во внатрешноста се очекува револуција и комплетно нови работи. Сега ќе има дигитални работи што ќе ги заменат повеќето копчиња. Ќе има и централно поставен тачскрин екран преку кој ќе се контрилраат речиси сите функции. Кластерот на инструменти ќе биде заменет со активен инфо дисплеј, направа што веројатно ќе ја имаа во сите модели.

Volkswagen Golf ќе биде поставен на подобрената верзија на MQB платформа. Тоа ќе донесе „ослабување“ од 70 кг. во однос на сегашниот модел, и ќе може да се користат многу повеќе различни мотори, вклучувајќи ја и 1.5 литарската турби бензинска верзија, и новиот 1.5 литарски дизел мотор што ќе го замени сегашниот 1.6 TDI.

Некои верзии ќе имаа и полу хибридна технологија со 48 волтен електричен систем. Плаг-ин хибридот GTE ќе го има на следната генерација, но не и e-Golf.
Верзиите GTI и R на Golf ќе дојдат со мотори што ќе развиваат 250 Кс и 350 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK